На Ферстапен му откажа моторот, но Ред Бул ја освои пол-позицијата!

Серхио Перез од Ред Бул ќе тргне од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Саудиска Арабија на патеката во Џеда.

Овие квалификации ги одбележа откажувањето на моторот на првакот Макс Ферстапен, па тој заврши на 15-то место. Ова многу ретко им се случува на Ред Бул, но утеха им е што другиот нивен пилот победи во квалификациите и има добра шанса за победа на трката утре.

Зад Мексиканецот Перез се најдоа Шарл Леклер од Ферари и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

- Оглас -

Најнови вести