На Французите не им е до фудбал, но Премиер лигата не планира да го одложи првенството

Премиер лигата засега не планира да го прекине шампионатот, стои во соопштението кое се објави на официјалната страница на најелитното англиско првенство. Дуелите од 30-тото коло претстојниов викенд ќе се одиграат според планираниот распоред, а засега е непознато дали тие ќе се одиграат пред празни трибини или пак ќе им биде дозволен влез на навивачите на стадиони.

Англичаните не креваат паника за разлика од останатите првенства низ Европа кои одлучија привремено да прекинат со натпреварување поради пандемијата со Коронавирусот. Француската фудбалска федерација напоредно издаде забрана за одржување на сите првенства, Лига 1 е третото првенство од топ 5 лигите во Европа кое кажа стоп за играњето фудбал.

Привремен прекин на Копа Либертадорес потврди и КОНМЕБОЛ.

- Оглас -

Најнови вести