На Ѓоковиќ уште му се одмара, нема да игра на Роџерс купот во Монтреал

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ нема да се појави на Роџерс купот во Монтреал (се игра од 3 до 11 звгуст) затоа што сака да одмори. Тој чувствувал замор од настапот на Вимблдон и малку ќе го редуцира својот календар на настапи за да биде во топ форма кога ќе дојде неговата следна голема цел, освојување на Отвореното првенство на САД.

„Жал ми е, но нема да играм во Монтреал. Одлучив на телото да му дадам малку повеќе одмор и време за закрепнување пред повторно да се вратам на терен. Ја сакам Канада, имам многу пријатели, сигурно дека некоја наредна година повторно ќе се појавам во Монтреал“, рече светскиот рекет број 1.

Ѓоковиќ четири пати победуваше на турнирот кој се игра наизменично во Монтреал и Торонто, а последен пат во 2016 година. Лани тој беше елиминиран во осминафиналето од Циципас, па затоа сега со неиграњето ќе загуби само 90 поени на АТП-листата. Новак веројатно ќе мора да се појави на Мастерсот во Синсинати од 11 август бидејќи таму брани 1 000 поени.

- Оглас -

Најнови вести