Официјалното деби на Ерлинг Халанд за Манчестер сити беше сè, само не добро за него. Од норвешката гол-машина се очекува да го покаже квалитетот токму во натпревари каков што беше денешниот против Ливерпул, во кој Граѓаните загубија со 3-1 во првата битка за трофеј во новата сезона.
Халанд прво не искористи зицер-ситуација во 34-тата минута, а потоа и во судиското надополнување ја рогна топката иако беше на само три метри од колот на Адријан.
На другата страна пак, 100-милионското засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњес, го постигна првенецот во официјалното деби за Црвените потврдувајќи го триумфот со конечни 3-1.