На холандската репрезентација ова не ѝ се случило цели 29 години

Холандската фудбалска репрезентација ќе одигра два контролни дуела, и тоа против Шкотска на 22 март и против Германија четири дена подоцна. Овие мечеви се како подготовка за Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија, а на кое очекувано ќе бидат и Лалињата.

Тоа што е неочекувано е дека во составот на репрезентативци кои се повикани за контролните дуели против Шкотска и Германија нема ниту еден фудбалер од Ајакс. Холандскиот гигант важи за расадник на млади холандски таленти и играчи кои често биле носители на играта во националниот состав.

Сепак, сега за првпат по 29 години, ниту еден фудбалер не е повикан од составот на Ајакс за настап во портокаловиот репрезентативен дрес. Интересно е дека од тимот на Ајакс има еден англиски фудбалер повикан во составот на Гордиот Албион, но затоа ниту еден Холанѓанец не е на списокот кај селекторот Роналд Куман.

- Оглас -

Најнови вести