На играчите им го криеја клучот од автобусот, стадионот мораа да го отворат со помош на полиција само за да играат

Екипата на Авес е закована на дното во португалското првенство и само формално треба да ја одигра сезоната пред да испадне во втора лига. За да се одигра синоќешниот меч против Бенфика, фудбалерите на Авес морале да поминат неколку неочекувани пречки.

Играчите кои веќе неколку месеци немаат добиено плата од сопственикот на клубот кого го обвинуваат дека пере пари преку Авес, синоќа се соочија со чудни проблеми. Неколку часа пред да започне дуелот, фудбалерите биле собрани пред клупскиот автобус, но немало ниту возач, ниту кој да им отвори да влезат и да ги однесе до стадионот.

Сите играчи сами се снашле за превоз до стадионот, а таму повторно наишле на затворени врати. Со помош на полицијата некако успеале да го отворат стадионот и да може мечот да се одигра. Токму поради големите проблеми, сите фудбалери на Авес се решија првата минута од мечот против Бенфика воопшто да не ја одиграат. Судијата даде знак мечот да започне, но сите играчи останаа првата минута да помине во знак на протест кон раководството на Авес.

Видеото од овој протест може да го погледнете ТУКА.

Откако започна борбата, Бенфика лесно со 4:0 славеше на гостувањето кај тимот кој следната сезона ќе игра во втората лига.

 

- Оглас -

Најнови вести