На Интер не му е доста едно големо засилување, тргна во „напад“ на играчот на Челзи

Мароканскиот бек Ашраф Хакими од следната сезона и официјално ќе го носи дресот на Интер откако Реал Мадрид се согласи да го продаде за 45 милиони евра. Хакими сезонава играше како позајмен играч во Борусија Дортмунд и го покажа целиот свој квалитет, па беше цел на повеќе европски клубови. Иако играше одлично во дресот на Милионерите, Реал не сакаше да го задржи затоа што Кралевите ги имаат обезбдено двете странични бековски позиции.

Интер го промовираше Хамики, кој треба да остане во Милано до јуни 2025 година. Нераѕурите не сакаат да сопрат тука со засилувањата, па сега фокусот е кон Челзи. Конте сака во Милано да го доведе и Емерсон Палмиери, кој игра по левата страна.

Бразилскиот дефанзивец кој има 25 години во Челзи пристигна во 2018 година, кога тренер на лондонскиот тим беше токму Конте. Тогаш Челзи за Палмиери плати 20 милиони евра, а Бразилецот веднаш се наметна и успеа од првиот тим да го истисне Маркос Алонсо. Палмиери одигра 53 меча за Челзи, а во следната сезона многу веројатно е дека повторно ќе игра под палката на Конте, но во тимот на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести