На интернет се појави видео кое го најавува настапот на Ѓоковиќ на отвореното првенство на Австралија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е во исчекување на конечната одлука за тоа дали ќе настапи на овогодинешното Отворено првенство на Австралија.

Српскиот рекет не сака да открие дали е вакциниран пред настапот на првиот Гренд слем во годината, а властите во Викторија од новава година воведоа закон каде што сите учесници мора да имаа примено вакцина.

На интернет се појави видео на кое што се гледа како Новак Ѓоковиќ се подготвува за ОП на Австралија.

Тој во моментов е во Марбеља, Шпанија каде што тренира на иста подлога како и таа на Австралијан Опен.

Воедно, временските услови се речиси идентични, за тоа кога Ноле би пристигнал во Мелбурн, да не има температурен шок.

Третиот доказ дека тој очекува повик во секој момент се топчињата со кои што тренира, односно тие се од истиот производител и модел кој што ќе се користи на овогодинешното издание на гренд слемот.

- Оглас -

Најнови вести