На Јокиќ му фалеше една асистенција за трипл-дабл, но пак е уникат во НБА (Фото)

Никола Јокиќ продолжи да ги воодушевува љубителите на кошарката и стана единствениот кошаркар во историјата на НБА-лигата со учинок од над 5.000 поени и повеќе од 3.000 асистенции во првите 500 натпревари што ги одиграл во најсилната кошаркарска лига на светот.

Ноќеска српскиот центат на Денвер нагетс повторно си поигруваше со противниците и постигна 28 поени, имаше 21 скок и 9 асистенции.

Му фалеше само едно додавање за трипл-дабл, но на новиот рекорд во НБА-лигата не му фали ништо.

На последните шест натпревари за Денвер, Јокиќ постигна четири трипл-дабли, а сега му недостасуваше само една асистенција за да има 5/6 натпревари со троен двоцифрен ефект.

 

- Оглас -

Најнови вести