На Јовиќ фудбалската кариера му е во надолна линија, ама во пинг-понг не е лош (Видео)

Репрезентацијата на Србија се собра во Стара Пазова на подготовки за клучниот меч со Португалија на гости од квалификациите за СП 2022, а атмосферата во тимот е добра, што се гледа и од снимките кои ги објави Српската фудбалска федерација.

Лука Јовиќ, кој никако да заигра за Реал Мадрид, одигра опуштена партија пинг-понг со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси. Според тоа што може да се види на снимката, Лука прилично добро се снаоѓа и го надигра селекторот.

- Оглас -

Најнови вести