На Келн не му оди без публика, заврши серијата на Јарците

Борусија Менхенгладбах победи со 2:1 против Келн во заостанатиот меч од 21-вото коло во Бундеслигата. На „Борусија парк“ немаше публика, но и тоа не ги спречи домаќините да ги освојат бодовите и да се вратат на четвртото место, кое води во Лигата на шампионите.

Емболо ѝ донесе предност на Борусија со гол во 32-рата минута, а Мере со ефектен авотгол зголеми на 2:0 во 70-тата минута. Келн беше во серија од три победи, но стигна само до почесен гол на Марк Ут во 81-вата минута.

Борусија со 49 бода го прескокна Баер Леверкузен на четвртата позиција, а Келн остана на 10-тото место со 32 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести