На Клоп му се заканува суспензија, ги навредувал судиите после дуелот против Тотенхем

Ливерпул забележа драматична победа над Тотенхем од 4-3 со гол во 94-тата минута, но тренерот на “црвените“, Јирген Клоп, после натпреварот ги навредувал судиите и сега му се заканува суспензија.

– “Ние со господинот Тјерни имаме заедничка историја. Не знам што овој човек има против нас. Он секогаш вели дека тука нема ништо, но тоа не е вистина. Она што ми го кажа кога ми даде жолт картон, навистина не е во ред.“

Сепак, од организацијата на судиите на Англија велат дека целата комуникација на судиите се снима и после преслушувањето на материјалот е утврдено дека судијата Пол Тјерни се однесувал професионално.

– “Судијата се однесуваше професионално и во моментов кога го опомена менаџерот на Ливерпул. Ги отфрламе сите обвинувања дека постапките на Тјерни биле непрофесионални.“ – се вели во дел од соопштението на судиската организација на Англија.

Сега е на потег е ФА која треба да покрене случај за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и да донесе одлука за евентуалната казна на германецот.

- Оглас -

Најнови вести