На Клоп не му се доапаѓа тоа што го прави Саудиска Арабија, ги повика ФИФА и УЕФА да реагираат

Најактивни на трансфер пазарот ова лето се клубовите од Саудиска Арабија. Понуди стигаат на адресите на сите фудбалери во Европа, а голем дел од нив заминаа да играат во клубови од Арапскиот полуостров.

Ова во никој случај не му се доапаѓа на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој летово загуби тројца фудбалери, откако Хендерсон, Фирмињо и Фабињо заминаа во клубови од Саудиска Арабија.

– “Вијанието на Саудиска Арабија во моментов е големо. Најлошото нешто е што преодниот рок кај нив трае три недели подолго отколку кај нас. Ги повикувам ФИФА и УЕФА да реагираат. Мора да се пронајде решение.“ – изјави Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести