На Клоп вчерашниот трофеј освоен со деца и резерви му е најдраг во кариерата

За еден од последните, а можеби и последниот трофеј кој Јирген Клоп го освои како тренер на Ливерпул, оној од Лига купот, Германецот рече дека му е омилен затоа што е остварен со еден состав во кој фалеа десет ѕвезди, меѓу кои и Мохамед Салах.

Ливерпул дојде до трофејот без десет момци кои сигурно ќе настапеа. Клоп не можеше да смета на Алисон, Александер-Арнолд, Матип, Собослај, Бајчетиќ, Тијаго, Салах, Жота, Нуњез, а набргу по почетокот на средбата остана и без Гравенберх, кон беше повреден при еден брутален старт на Каиседо.

Веднаш се поставува и прашање дали и Пеп Гвардиола ќе се снајде толку успешно доколку се најде во ситуација да не може да смета на двоцифрен број на свои првотимци поради повреди?

Адријан, Гомес, Цимикас, Кларк, Меконел, Кумас, Данс, Куанза, Ниони – ова се играчите кои Јирген Клоп ги имаше на располагање на клупата за ова финале.

Челзи на теренот извади состав кој во просек е помлад од тој на Ливерпул, но нивните млади фудбалери се платени по десетици милиони евра, додека Црвените на овој дуел промовираа дури петмина од клупската академија. Ако ги додадеме голманот Квивин Келехер и Харви Елиот, кои одиграа 120 минути, тогаш тоа се дури седуммина од школата на Ливерпул.

И покрај сите неволји со кои се соочува Ливерпул поради бројните повреди, тие остануваат конкурентни на сите фронтови. Еден од четирите трофеи веќе е во нивни раце.

- Оглас -

Најнови вести