На кошаркарот на Партизан му го скршија носот, а судиите нему му досудија лична грешка(Видео)

Кошаркарот на Партизан, Алекса Аврамовиќ, заработи скршеница на носот на синоќешниот меч од АБА-лигата против Цедевита Олимпија, кој му припадна на тимот од Љубљана со 95:91.

Аврамовиќ во 12-тата минута во дуел со Јака Клобучар падна на паркетот и веднаш се фати за носот.

За малерот на Аврамовиќ да биде поголем, судиите му досудија лична грешка иако беше јасно дека токму тој го извлече најдебелиот крај од дуелот.

Кошаркарот веднаш замина на клупата, каде што му беше укажана лекарка помош, а лекарските прегледи во болница во Љубљана покажаа дека станува збор за скршеница на носот.

Засега сигурно е дека ќе го пропушти мечот на Партизан во Евролигата против Анадолу Ефес, кој се игра в петок, а потоа ќе мора да игра со специјална маска на лицето. Интересно е што ова не е прва ваква повреда за Аврамовиќ, тој и пред две години мораше да игра со маска на лицето, исто така поради скршеница на носот.

 

- Оглас -

Најнови вести