На кошаркарскиот турнир нема простор за калкулации, никој не сака четвртфинале против САД

ФИБА објасни каков е системот на натпреварување на кошаркарскиот олимписки турнир, и потврди дека најдобрата второпласиурана селекција, најверојатно САД, во четвртфиналето ќе игра со некој од второпласираните во другите две групи, а потенцијално тоа може да биде ѕвездениот тим на Шпанија, или супер ефикасната Словенија на Лука Дончиќ, во зависност од тоа која од тие селекции ќе загуби во меѓусебниот дуел.

На кошаркарскиот турнир играат само 12 тима, а осум од нив одат во четвртфиналето: првите и вторите од секоја од трите групи, како и две најдобри третопласирани. Тие што ќе го освојат првото место во својата група, за противници ќе имаат тимови кои ќе одат понатаму како трети и еден втор, но не најдобриот. Најдобриот втор, веројатно САД, би се сретнал со тим од типот на Италија, Шпанија или Словенија.

Ова значи дека ждрепката за четвртфиналето ќе биде полудиригирана, но со нетрпение ќе се чека пресметката на Шпанија и Словенија, кој ќе биде борба за сигурно избегнување на фаворизираните, но не и несовладливи Американци, уште во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести