На квалификациите за СП во снукер изведен еден од најлудите погодоци во историјата (Видео)

На сите кои го видоа погодокот на Луис Хиткот на дуелот против Рајан Деј од квалификациите за СП во снукер не им се веруваше дека е можно од таква снукер позиција да се внесе жолтата топка во дупка. Хиткот мораше некако да стигне до жолтата, а белата беше сокриена зад црната, но Англичанецот реши да ја искористи ивицата од дупката и белата кугла некако да стигне до жолтата.

Не само што успеа да ја најде жолтата, туку таа заврши во дупка и му донесе два поени. На крајот, Хиткот загуби од Деј со 5-6 во фрејмови, но барем го имаше потегот кој се прераскажува низ светот меѓу фановите на овој спорт.

Погледнете го еден од најдобрите погодоци во историјата на снукерот изведени на официјален меч:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести