На квиз требаше да заработи пари, но не сакаше да го изговори името на лутиот ривал (Видео)

Најверните навивачи во многу ситуации покажале како се сака клубот и колку знаат да бидат верни, но примерот кој доаѓа од Германија е уникатен. Еден навивач на Борусија Менхенгладбах учествуваше на светски познатиот квиз „Потера“, кога се најде во една незгодна ситуација.

Навивачот дури и на квизот беше облечен со дрес на Борусија Менхенгладбах, кога бил изненаден со едно неочекувано прашање. Кој беше освојувач на Цвајте во сезоната 2018/19? Точниот одговор на тоа прашање е Келн, клуб кој е голем ривал на Борусија Менхенгладбах.

„Не, нема да одговорам на тоа прашање“, рече навивачот на Борусија Менхенгладбах, кој свесно реши да остане без планирани пари од квизот, но едноставно не сакаше да го изговори името на еден од најголемите ривали на неговата Борусија Менхенгладбах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести