На Леброн му пееја МВП и тоа во Хјустон (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го победи Хјустон на гости со 124:115, во дербито на вечерта во НБА лигата. Иако дуелот се играше на теренот на Ракетите, Лејкерс покажа зошто сезонава е еден од главните фаворити за титулата.

Гостите беа без Ентони Дејвис, но затоа го имаа расположениот Леброн Џејмс. Првата ѕвезда на Лејкерс на крајот заврши со 31 поени и 12 асистенции, а додаде и пет скока. Пред крајот на мечот, навивачите на Хјустон покажаа голем респект кон Џејмс, па во еден момент кога Леброн беше на линијата за слободни фрлања, тие почнаа да викаат „МВП, МВП“.

https://youtu.be/75ji94fmvyg

Одбраната беше главниот фактор за победа на Лејкерс. Хјустон ан полувремето имаше водство од 65:59, а домаќините во второто полувреме дадоа само 50 поени, што е премалку за една од најефикасните екипи во лигата. За Лејкерс ова беше 34 победа во 42 меч, додека Хјустон го претрпе 15 пораз во 41 дуел.

Резултати: Бруклин – Милвоки 97:117, Бостон – Филаделфија 119:123, Атланта – Деторит 103:136, Њујорк – Филаделфија 87:90, Чикаго – Кливленд 118:116, Минесота – Торонто 112:122, Голден Стејт – Оралндо 109:95, Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124, Оклахома – Портланд 119:106, Јута – Сакраменто 123:101.

- Оглас -

Најнови вести