На „лисиците“ им здосадија поразите

Со победа од 2-1 против Брајтон, Лестер ја прекина серијата од 7 меча без триумф, а популарните „лисици“ тоа го сторија во ситуација кога е во тек смената на кормилото.

Брендан Роџерс беше на трибините, а ќе има можност во малку подобра ситуација во Лестер да го преземе кормилото и да дебитира во недела како нов тренер на тимот, и тоа против својот поранешен тим Ватфорд.

Вечерва Греј и Варди со по еден погодок се погрижија за победа против Брајтон. Пропер намали на 1-2, но гостите не успеаја да освојат барем еден бод.

Конечно вечерва по долг пост славеше и Хадерсфилд, со 1-0 против фаворизираниот состав на Вулверхемптон. Стрелец на голот беше Муние во 91-вата минута.

Како гостин Евертон го декласира Кардиф со 3-0, а на прагот на победа е и Њукасл, кој има предност од 2-0 во финишот против Барнли.

- Оглас -

Најнови вести