На Лукаку му беа потребни 33 секунди за гол, Бејл погоди за 75 секунди (Видео)

Интер уште во првата минута се израдува на погодок во дуелот против Џенова на „Џузепе Меаца“. Само што почна мечот, Нераѕурите уште во првиот напад успеаа да ја затресат мрежата на гостите.

Лукаку доби една топка на средината од теренот, истрча во контра и со шут од околу 20 метри успеа да погоди и тоа по само 33 секунди од стартот на мечот.

И Тотенхем брзо се израдува во дуелот со Барнли. Герет Бејл погоди за 1:0 по само 75 секунди игра. Бејл беше малку поспор од Лукаку, но Велшанецот по само 20 минути веќе имаше и асистенција по додавањето за голот на Хари Кејн.

 

- Оглас -

Најнови вести