На Македонија – Романија ќе суди можеби најдобриот судија на светот

Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз, кој е еден од најдобрите фудбалски арбитри на светот, е делегиран да ја дели правдата на претстојниот меч меѓу Македонија и Романија в среда, во Скопје.

Лахоз е со огромно искуство, има судено големи настани, како европски така и светски првенства, редовно суди и во Лигата на шампионите. Во Скопје ќе му помагаат Девис и Дел Паломар, четврти судија е познатиот Хозе Луис Мунуера, а и во ВАР-собата ќе бидат Шпанци. Против Романија имаме пет порази на пет меѓусебни дуели, барем за регуларноста нема да треба да стравуваме.

- Оглас -

Најнови вести