На „Максимир“ ќе биде поставен нов рекорд

Динамо Загреб го пречекува Шахтар во меч кој може да биде и клучен за разврската во групата Ц од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак има четири бода, колку што има и нивниот денешен противник, што значи дека освојување на три бода ќе бидат од клучно значење.

Модрите покажаа дека не се плашат од Шахтер, па пред две недели на гости одиграа 2:2, а до пред крајот на мечот имаа предност. Вечера со евентуална победа, Динамо ќе биде мноу блиску до историски пласман во нокаут-фазата од ЛШ.

Билетите за мечот се распродадени одамна, а според најавите од Загреб, се очекува рекордна посета на „Максимир“. Откако се воведени бројачи, рекорд по бројот на гледачи е на дуелот против Малме, во плејофот за влез во групната фаза во 2011 година. Тогаш на стадионот имало 30.065 гледачи. За вечерва се најавува дека е можно да има и над 32.000 гледачи.

Инаку пред да се воведат бројачите на стадионот, кога Динамо играше против Партизан во 1997 година, на стадионот имаше 40.000 гледачи. Во првиот меч од сезонските настапи во групната фаза на дуелот против Аталанта имаше 28.863 гледачи, а сега сигурно таа бројка ќе биде надмината.

„Најголема сатисфакција за нас е тоа што се вратија гледачите на стадионот. Луѓето повторно живеат за Динамо и со Динамо. Тоа за нас е голема чест“, рече тренерот на Динамо, Ненад Бјелица. Под водство на Бјелица, Динамо во Европа има одиграно пет меча и просекот на публика е над 25.000 гледачи на средба. Најмногу имаше против Бенфика, кога дојдоа 29.704 гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести