На Манчестер јунајтед и Њукасл им успеа нешто што се случи само третпат во 63 години

Манчестер јунајтед убедливо со 3:0 победи на гости кај Нотингам форест во првиот меч од полуфиналето на Лига купот на Англија и со овој резултат Црвените ѓаволи практично си обезбедија место во финалето на „Вембли“, кое теоретски треба да го заверат во реваншот против овој ривал на „Олд Трафорд“.

И во второто полуфинале од ова натпреварување, на првиот меч се радуваа гостите. Њукасл со 1:0 го победи Вулверхемптон, па уште сега може да се претпостави кои два клуба ќе играат на „Вембли“.

Лига купот на Англија е натпреварување со 63-годишна традиција, а ова е само трет пат да се случи во првите средби од полуфиналето да се радуваат двата гостински тима. Претходно тоа се случило само уште во 1973 и 1993 година, а еве сега и во 2023 година има таков исход.

- Оглас -

Најнови вести