На Манчестер сити и да му одземат 15 бода како на Јуве, пак би бил пред Челзи и Ливерпул!

Манчестер сити е обвинет од Премиер лигата за над 100 прекршувања на финансиските правила од 2009 до 2018 година, па на Граѓаните им се заканува голема казна, се спомнува и одземање бодови, дури и преселба во понизок ранг.

На Јувентус за нешто слично му беа одземени дури 15 бода во италијанската лига, а интересно е што ако на Сити му бидат одземени исто толку бодови, тимот би паднал на табелата и би бил далеку од позиција која води во Лигата на шампионите, но и понатаму би бил пред ривали како Челзи и Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести