На Манчестер сити му значи ФА купот, Халанд за едно полувреме направи хет-трик (Видео)

Без калкулации со составот и односот кон мечот, бранителот на трофејот, Манчестер сити, е на пат да се пласира во четвртфиналето на англискиот ФА куп.

Граѓаните му гостуваат на Лутон и по првото полувреме резултатот е 3-1 за Сити. Трите гола ги постигна Ерлинг Халанд, а троен асистент беше Кевин де Бројне. Лоша вест за тимот на Гвардиола е повредата на Грилиш, кој мораше да биде заменет. За Халанд ова е осми хет-трик во дресот на Сити, а прв на гостување.

Ова е третиот гол на Халанд, кој многу личеше на вториот, а првиот падна уште во трета минута и гостите најавија дека имаат намера да победат:

- Оглас -

Најнови вести