На мечевите од Премиер лигата ќе се користи атмосферата од ФИФА 2020 (Видео)

На 17 јуни треба да продолжат мечевите од англиската Премиер лига, а според најавите, ќе има и соодветна атмосфера за сите оние кои ќе ги гледаат дуелите преку ТВ-преносите. Челниците на лигата ќе предложат до првите луѓе на сите клубови да се согласат да биде користена атмосферата која се слуша на видеоиграта ФИФА 2020.

На тој начин гледачите ќе добијат подобра претстава и нема да делува како да гледаат некој тренинг-дуел. И во Англија ќе биде дозволено да се ставаат картонски фигури за трибините да не изгледаат празни, а ќе има и специјална камера која треба да се погрижи за дополнителна атмосфера.

 

- Оглас -

Најнови вести