На Меси му фалат 50 голови да го стигне легендарниот Пеле

Капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, има еден голем предизвик. Аргентинскиот виртуоз може да биде играчот кој ќе го надмине неверојатниот рекорд на легендарниот Пеле по број на дадени голови за еден клуб.

Пеле, кој играше речиси пред половина век, е рекордер со 643 погодоци во дресот на Сантош. Тоа е и светски рекорд кој опстојува повеќе децении. Досега не се најде играч кој во дресот на еден клуб ќе даде толку многу погодоци. Најблиску до рекордот и со реални шанси да го стигне е Меси.

Ѕвездата на Барселона досега даде 593 гола во дресот на каталонскиот гигант и е втор на оваа вечна листа. Меси сезонава го надмина Германецот Герд Милер, кој за Баерн имаше постигнато 565 голови. Сега останува Лео да го стигне рекордот на Пеле. Ако продолжи со овој ритам на постигнување погодоци, Меси уште следната сезона може да го сруши рекордот на легендарниот Бразилец.

 

- Оглас -

Најнови вести