На Меси му се подготвува најнепријатното изненадување во кариерата!

Лионел Меси ја завршува втората сезона во дресот на Пари Сен Жермен, а навивачите на францускиот првак не се задоволни од тоа како играше Аргентинецот. ПСЖ повторно рано беше елиминиран од Лигата на шампионите, што значи дека заврши уште една сезона без исполнување на мисијата за освојување на европскиот трон.

Најверните навивачи на ПСЖ го вперија прстот кон Меси како главен виновник за елиминацијата од Баерн Минхен. Најавите се дека на следниот меч на „Паркот на принцовите“ Меси ќе биде исвиркан во знак на негодување.

„Меси ќе добие свирежи. Премногу е платен во однос на тоа што го покажува на теренот. Не го сакаме повеќе во нашиот тим“, стои во пораката на дел од навивачите.

ПСЖ в недела на свој терен ќе игра против Рен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести