На Меси не знае да му подаде, но за Франција поставува рекорди со асистенции

Франција без поголеми проблеми славеше на гостувањето во Тирана против Албанија, во меч на кој домаќините за првпат играа на новиот модерен стадион. Толисо го даде првиот погодок, а победата ја потврди Гриезман. Токму играчот на Барселона беше најдобар на теренот бидејќи покрај погодокот, тој беше и асистент за реализацијата на Толисо.

Токму додавањето за првиот гол на Франција го направи Гриезман да е најдобар асистент во квалификациите за ЕП 2020. За голгетерот тоа беше седма асистенција во овие квалификации, повеќе од кој било друг играч во Европа.

Интересно е што Гриезман сезонава го смени клупскиот дрес и од Атлетико се префрли во Барселона, каде што беше забележано дека Французинот едноставно не знае да соработува со капитенот на Каталонците, Лионел Меси.

Освен рекордот со асистенции, Гриезман стигна до 30 погодоци во националниот дрес и влезе во друштво на Жист Фонтен, Мишел Платини, Жан Пјер Папен, Давид Трезеге, Тјери Анри, Зинедин Зидан и Оливие Жиру.

 

- Оглас -

Најнови вести