На „Месталја“ се играше 101-минутна драма, „лилјаците беа ослепени“

Микел Ојарзабал е јунакот на Реал Сосиедад, а Кевин Гамеиро е трагичарот на Валенсија на мечот кој заврши 1-1, а гледачите видоа голема драма со хепиенд за гостите.

Валенсија во 59-та минута поведе со голот на Гамеиро, а истиот фудбалер можеше да стави точка во третата минута од судиското продолжение. Но, тој утна пенал, а во 98-ма, следуваше пенал за баскијците. После три минути тензии на теренот, Ојарзабал го изведе ударот од белата точка и погоди за конечни 1-1.

Промашениот пенал на Гамеиро е прв утнат пенал за Валенсија на свој терен, од ноември 2013 наваму.

- Оглас -

Најнови вести