Докторот кој го прегледа Стипе Миочиќ по нокаутот кој го претрпе хрватскиот Американец во борбата со Џон Џонс откри застрашувачки детали за состојбата на Миочиќ.
Џонс со разорен удар со петата во тело го кутна Миочиќ на земја и тука беше крајот на борбата. Миочиќ рече дека ја завршува кариерата, но тоа е најмалиот проблем за него.
Докторот Брајан Сатерер рече дека на Стипе ќе треба да му биде изврешана оперирација бидејќи има повреди на внатрешните органи.
„Има напукнати ребра. Се плашам дека има оштетување на бубрегот бидејќи се наоѓа зад последните две ребра кои не се поврзани со градниот кош и кои се пукнати. Покрај бубрезите, постои опасност и за слезината, сигурно ќе му требаат неколку недели за да закрепне. Дај Боже да грешам во проценката, но многу е можно на Стипе да мора да му ја отстранат слезината“, вели Сатерер.
https://twitter.com/i/status/1858034029297103303