Во Катар нема да мине виножитото: ЛГБТ заедницата може да добие ќотек, објави шефот на обезбедувањето на Мундијалот

Абдулах Ал-Насари, главниот шеф на обезбедувањето на Светското првенство во Катар што ќе се игра од 21 ноември до 18 декември објави дека на стадионите ќе биде опасно за припадниците на ЛГБТ заедницата или за тие што ќе го истакнат симболот со виножитото.

„Во нашето општество тие не се добредојдени. Луѓето доаѓаат на стадиони за да гледаат спортски натпревари, не за да прават некакви политички промоции на какви било групи. Ако некој на стадионите за време на Мундијалот истакне знаме на ЛГБТ заедницата, може да биде нападнат од публиката. Во нашата религија нема место за оваа заедница и нема да ги менуваме правилата и традицијата за 28 дена Светско првенство“, изјави Ал-Насари.

ФИФА и УЕФА истакнаа дека мора да има толеранција за сите навивачи на стадионите, па се очекува нивна реакција, особено од ФИФА, која е организатор на Мундијалот, по изјавата на шефот на обезбедувањето на фудбалскиот турнир во финишот на оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести