На Мурињо му се насолзија очите среде интервју (Видео)

Жозе Мурињо беше на раб да се расплаче среде телевизиско интервју додека зборуваше колку му недостасуваат победите во фудбалот и тренерската работа.

Португалецот не е многу омилен кај фудбалските фанови низ светот, и многумина мислат дека тој само глуми, но Сеск Фабрегас преку социјалните мрежи го тешеше и му испрати порака со поддршка.

Мурињо од декември 2018 наваму нема клуб, и признава дека тешко му паѓа што не е тренер во некој клуб. Тој емотивно говореше за поврзаноста со фудбалот и дека кога не работи во фудбалот, не ужива во животот.

„Во првиот момент кога почнав да се занимавам со професионален фудбал, почувствував клик. Сега кога престанав, наместо да уживам во животот, јас не можам да уживам, ми недостасува фудбалот“ – рече Мурињо кој е ангажиран како фудбалски аналитичар на Скај спортс телевизијата.

После Порто, Интер, Челзи, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, тој не сака да води било каков тим, за себе мисли дека е „специјален“ и затоа му е тешко да избере спуштање на критериумите и платата, бидејќи е свесен дека најголемите и најбогатите веќе не се интересираат за него.

https://twitter.com/i/status/1162852346625482752

- Оглас -

Најнови вести