На навивачите не им се веруваше што гледаат, кошаркар ги утна сите 13 слободни фрлања! (Видео)

Несекојдневна ситуација се случи во плејофот на литванското кошаркарско првенство, еден американски кошаркар покажа неверојатна непрецизност во изведувањето на слободните фрлања.

Дешон Фримен, кој е играч на Невежис, во дуелот со големиот Жалгирис даде 16 поени, но верувале или не, ги утна сите 13 слободни фрлања што ги изведе. Да погодеше барем половина, неговиот тим можеби и ќе направеше сензација бидејќи Зелената шума победи со шест поени разлика.

Фримен сезонава има 56,6 отсто реализација на слободните фрлања, но ова што го направи синоќа не се памети. Публиката се држеше за глава, на фановите не им се веруваше што гледаат, и тоа од еден од најдобрите играчи во нивниот тим.

- Оглас -

Најнови вести