На некои играчи подобро им оди во Премиерлигата, отколку во Чемпионшип

Астон Вила за првпат од далечната 1959 година наваму успеа да го победи Барнли, а најзаслужен за триумфот беше Џек Грилиш. Овој играч влезе во центарот на вниманието откако му беше поништен гол поради минимален офсајд кој го видоа само со луди математички пресметки во ВАР собата, но подоцна тој сепак даде гол кој му беше признат и му помогна на својот тим да победи со 2-1.

За Грилиш, тоа беше шести гол на 19 настапи во Премиерлигата, а во минатата сезона вовтората лига, популарниот Чемпионшип, тој на 31 меча даде 6 гола, па испаѓа дека на Грилиш полесно му е да даде гол во елитното друштво отколку во послабата конкуренција.

 

- Оглас -

Најнови вести