На Нкетија и Лампти не им се чека веќе повик за да играат за Англија, ќе ќари Гана

Еди Нкетија и Тарик Лампти се откажуваат од желбата да играат за англиската фудбалска репрезентација и почнаа процедура преку своите застапници да се префрлат во селекцијата на Гана.

Нкетија, кој беше хит во пролетниот дел од Премиер лигата во дресот на Арсенал, има 23 години и ги мина сите англиски селекции во младинските категории.

Сè уште нема настап за А селекцијата на Гордиот Албион, но одлучи веќе и да не чека и да игра за земјата од која се по потекло неговите родители, а тоа е Гана.

Тоа се случува и со Лампти, кој има 21 година и играше за Англија во сите возрасни категории до А селекцијата.

И тој е роден во Англија, но веќе почна процедура во ФИФА за менување на „спортскиот пасош“ за да може да игра за Гана.

- Оглас -

Најнови вести