На овој стадион следната сезона ќе се игра Премиер лига (Видео)

Екипата на Лутон следната сезона ќе дебитира во Премиер лигата, откако преку плеј-офот успеа да обезбеди пласман во повисок ранг. Сепак, овој клуб од предградието на Лондон привлекува внимание со својот стадион, “Кенилворт Роуд“, кој собира само 10.356 гледачи, а неговата локација е приказна сама за себе.

Стадионот се наоѓа буквално помеѓу стамбени куќи, а за да стигнете до трибините потребно е да минете низ неколку дворови. Сепак, се чини дека Лутон ќе мора да го преуреди својот стадион ако сака да добие дозвола на него да се играат премиерлигашки натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести