На Пандев му поништија гол, Елмас се радува на победа (Видео)

Елиф Елмас беше посупешен од својот фудбалски идол Горан Пандев и се радува на победата на Наполи против Џенова со 2:1. Пандев постигна гол за домаќините, но му беше поништен по прегледувањето на моментот во 54-тата минута. Имаше фаул од Ровела над голманот Мерeт и 38-годишниот ветеран во Серија А остана без погодокот.

Елмас играше како стартер до самиот финиш на мечот, а Пандев влезе во игра за Џенова на почетокот на второто полувреме.

Фабијан Руиз со гол во 39-тата минута му донесе предност на Наполи, а Пандев израмни против својот поранешен тим во 54-тата минута, но голот му беше поништен.

Сепак, Џенова израмни во 69-тата минута со погодокот на Камбијасо, но Петања го реши мечот во корист на гостите со победнички гол во 84-тата минута.

Сасуоло и Сампдорија во истиот термин од 18.30 часот ремизираа без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести