Бенжаман Павард доби директен црвен картон во 48.минута против Гројтер фурт и Баерн речиси цело второ полувреме игра со фудбалер помалку во премиерниот меч од шестото коло во Бундеслигата.
Францускиот ас при резултат од 2:0 за гостите од Минхен со брутален старт го сопре Џулијан Грин во опасна ситиуација, а прекршокот беше брутален и за среќа без последици за играчот на Гројтер фурт.
Интересно е што Грин беше играч на Баерн Минхен од 2010 до 2016 година, но има настапи само за втората екипа на Баварците и честопати беше на позајмици во други клубови.
Од 2018 година е играч на Гројтер фурт и лани со 9 гола беше еден од најзаслужните за промоцијата во Првата лига на Германија.
Баерн и со играч помалку на терен постигна уште еден гол, а автогол во 68. минута си постигна Гризбек за убедлива предност на гостите од 3:0 во Фурт.