На Пикси му „пукна филмот“: Роналдо даде гол од офсајд против Србија

Србија одлично ги започна квалификациите за Светското првенство и по две кола е лидер во својата група, со четири бода. Следниот предизвик за Србите е утрешниот дуел во Баку против Азербејџан. Србија досега има одиграно три меча против Азербејџан и три пати се радувала на победи.

Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси е оптимист и очекува неговите избраници да продолжат со добра игра и сигурно верува во освојување на три бода. Иако се работи за меч против Азербејџан, неизбежно беше прашањето за тоа дали на Кристијано Роналдо му бил поништен погодок на дуелот во Белград, а со тоа и Србија се спаси од пораз. Пикси имаше интересен одговор.

„Мечот заврши 2:2 и не сакам повеќе за тоа да зборувам. Концентрирани сме исклучиво за дуелот против Азербејџан. Тоа е сега најважно за нас. Сепак, ако треба да се занимаваме за тоа што поминало и ако ги споредувате спорните ситуации, ќе ве потсетам дека Роналдо во претходните квалификации даде гол од офсајд против Србија. Грешките се составен дел од фудбалот и може да му се случат на секого. Потоа се зборува за извинувања, за среќа и се останато. Сето тоа е дел од фудбалот. Не сакаме да губиме време и да разговараме за ситуации кои биле во минатото. Нашиот фокус е само за тоа што треба да биде, а во моментов тоа е дуелот против Азербејџан“, рече селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.

 

- Оглас -

Најнови вести