На Пјонтек му украдоа гол, ама воопшто не се налути, дури и славеше (Видео)

Херта изненадувачки го победи Баер Леверкузен со 2-0, а при вториот гол во 54-та минута се случи една интересна ситуација. Полјакот Кжиштоф Пјонтек беше во напад, стори сè како што требаше, го мина и голманот на Баер, и кога се најде на гол-линијата, пред да шутне за да даде гол, „славата“ му ја „украде“ клупскиот колега Доди Лукебакио, кој ја затресе мрежата „пред носот“ на Пјонтек.

Полјакот на кого му е запишана асистенција, не се налути воопшто, го прослави голот со Лукебакио. Сепак, ова беше „тешка кражба“ на гол, стрелец требаше да биде Пјонтек. Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести