На „Пољуд“ е мирно на теренот, но на трибините е „лудница“ (ВИДЕО)

Хајдук и Динамо Загреб играат 0:0 по првите 15 минути и барем почетокот не навестува атрактивен и фудбал со многу голови.

Од тројцата македонски фудбалери, Аријан Адеми како капитен на Динамо, во стартниот тим е и Стефан Ристовски, додека кај домаќините Јани Атанасов го нема воопшто во протокол.

И додека на теренот нема големи возбувувања, на трибините е навистина интересно, како што може и да се очекува од верната навивачка група на Хајдук, „Торцида“.

- Оглас -

Најнови вести