На полувреме беше 0:0, а во вторите 45 минути се случи меч за памтење!

Првиот меч од 27 коло во француското првенство беше спектакуларно, а на крајот Лил и Олимпик Лион освоија по еден бод. На полувремето од овој меч немаше погодоци, а во второто полувреме се случи експлозија од голови на двете страни.

Само што почна вториот дел, Лил поведе со 1:0, а потоа домаќините стигнаа и до 2:0. Лион намали на 1:2, а потоа Лил повторно дојде до два гола предност и поведе со 3:1. Во последните 10 минути, следуваше шоу на гостите. Во 83 минута Лион намали на 2:3, а во 89 минута веќе беше 3:3, што значи дека за помалку од 45 минути беа постигнати дури шест погодоци.

- Оглас -

Најнови вести