Верстапен испиша историја на потопот во Холандија

Актуелниот формула 1 шампион Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на Холандија. Верстапен ги израдува домашните фанови во трката која траеше два и пол часа и тоа поради лошите временски услови. За Холанѓанецот ова е деветта победа по ред и го израмни рекордот на Себастијан Фетел и Аскари. Верстапен сезонава вкупно 11 пати беше на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Уште од самиот старт започнаа возбудувањата. Само што започна трката, заврна силен дожд и најголем дел од возачите веднаш влегоа да ги заменат гумите. Верстапен ја контролираше водечката позиција во текот на трката, но временските услови повторно се вмешаа и направија финишот да биде возбудлив.

На 10 круга до крајот започна да врне силен дожд, па организаторите решија дека трката треба да биде прекината и беше покажано „црвено знаме“. Речиси половина час траеше паузата во која се чекаше да се подобри времето и да се подзасуши патеката која беше прекриена со вода од дождот.

Со сигурносното возило на патеката, трката продолжи со „летачки старт“, каде што сите болиди беа поредени еден позади друг.

И во еден ваков хаос и мешаница, Верстапен ја задржа концентрацијата и на крајот заврши како прв Алонсо, а потоа бодови освоија и Гасли, Перес, Саинц, Хамилтон, Норис, Алборн…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести