На повидок е спектакуларен трансфер – Погба останува во Манчестер, сега ќе го облече синиот дрес

Договорот на Пол Погба со Манчестер јунајтед истекува ова лето, но медиумите од Англија денеска имаат сензационална вест.

Францускиот играч од средината на теренот од наредната сезона, како слободен агент ќе потпише за големиот градски ривал, Манчестер сити. Јасно е дека Погба нè е дел од плановите на овој тим за наредната сезона, но се најавуваше евентуално заминување во Јувентус или ПСЖ.

Но, очигледно е дека од тоа нема да има ништо. Погба за Манчестер јунајтед одигра 157 натпревари во два наврати, а постигна 29 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести