На претседателот на Бразил не му дозволија да влезе на стадион, не бил вакциниран

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, не беше пуштен да го гледа во живо дербито од бразилската Серија А помеѓу Сантош и Гремио, затоа што не е вакциниран, а тоа е задолжителен услов за присуство на трибините на мечевите во Бразил.

„Сакав да гледам како игра Сантош, но ми кажаа дека треба да се вакцинирам. Зошто да се вакцинирам? Имам повеќе антитела од вакцинираните“ – изјави Болсонаро, кој често го критикуваат околу ставовите за време на пандемијата.

После САД, Бразил е втора земја на светот по бројот (600.000) на смртни случаи од последици од коронавирусот.

Инаку, Сантош го победи Гремио со 1-0, со гол на Вагнер Леонардо во 94-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести