На Принцот на Рим му се заканува затворска казна, обвинет е дека „перел пари“

Шокатни информации пристигнуваат од Италија, на поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти и на неговата сопруга со која е во бракоразнодна парница, Илари Блази, им се заканува затворска казна поради учество во наводно перење пари.

Обвинителите од одделението за борба против финансиски измами, се сомневаат дека Тоти и Блази се вмешани во незаконски банкарски трансакции чија цел била перење на пари.

Обвинителите заедно со инспекторите за банкарски криминал во италијанската полиција, ги анализирале сите трансакции на Тоти и Блази од јуни 2020 година со кои наводно, двојката која се наоѓа пред развод, се обложувале преку интернет.

Една од трансакциите која е сомнителна, била направена во август минатата година и во која Принцот на Рим на близок пријател му позајмил 80.000 евра. Првично сумата била префрлена од личната сметка на Тоти на таа на ќерката и сопругата, па потоа на заедничката сметка на Тоти и Блази, и дури потоа на сметката на пријателот на поранешниот фудбалер.

Во јуни 2020 година, од две банкарски сметки, едната на Тоти и на Блази и другата на Тоти и на негов пријател, биле извршени сомнителни трансакции во казина во Монте Карло, Лондон и Лас Вегас, поради што инспекторите во својот извештај доставен до обвинителството навеле дека постојат силни сомнежи за трансакциите.

Од двете светки биле уплатени 160.000 евра, но според адвокатот на Тоти, во транскациите нема ништо спорно и дека парите заминале во казина во Монте Карло кои ги посетил поранешниот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести