На прогнозерите повеќе им лежи клупскиот фудбал – Две „единаесетки“ во второто коло

Во второто коло на Спортска прогноза учествуваа вкупно 830 прогнозери, но ниту еден од нив не успеа да ги погоди сите 13 парови. Сепак, по ова коло можеме да потврдиме дека на прогнозерите повеќе им лежи клупскиот фудбал за разлика од репрезентативните дуели во првото коло, кога немаше ниту една добивка.

Сега двајца прогнозери погодија по 11 пара од вкупно 13, што значи дека го стигнаа минимумот да добијат ваучери од 500 денари. М. Борче и Ч. Стефан се двајцата најуспешни прогнозери во второто коло кои ќе ги добијат предвидените ваучери. Интересно е што и Борче, а и Стефан ги утнаа истите два натпревари: Нант – Ремс и Сент Етјен – Тулуз. Нивните прогнози беа реми на Нант и триумф на Сент Етјен, но, за жал, Нант победи со минимални 1-0, а Сент Етјен издвои само реми од 2-2.

Што се однесува на табелата во Генералниот пласман, првите тројца пласирани, Петар, Мики и Дарко, и натаму водат тесна битка бидејќи и во ова коло имаа идентичен број погодени натпревари (10), односно вкупно 19, а сега во трката за врвот им се приклучи и Никола со 19 погодени парови по првите две кола.

Сите останати прогнозери може да ги проверат резултатите во второто коло и Генералниот пласман на sportlife.com.mk/Prognoza.

Како што веќе објавивме, за сите 13 погодени наградата е телефон iPhone XS, за 12 погодени добивате ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка е ваучер од 500 денари.

И не заборавајте, денеска во 14 часот ќе бидат објавени новите 13 парови во третото коло.

- Оглас -

Најнови вести