На Просинечки му наредиле да го врати Врањеш во репрезентацијата?

Огњен Врањеш, кој беше избркан од репрезентацијата на БиХ поради национализам и секс-аферата со пејачката Јелена Карлеуша, сепак би можел да се врати во дресот на националниот тим иако во февруари селекторот Роберт Просинечки порача дека веќе никогаш нема да смета за него. И навивачката група „Фанатикос“ е наострена против етничкиот Србин, па ќе биде интересно ако контроверзниот дефанзивец на атински АЕК се врати во тимот на неговата родна земја.

Според медиумите во БиХ, Просинечки добил наредба да го врати Врањеш во тимот и наводно не се бунел, туку прифатил. По поразот од Ерменија, Просинечки си поднесе оставка, но таа не беше прифатена.

Сепак, еден извор близок до стручниот штаб на репрезентацијата и фудбалскиот сојуз на БиХ даде изјава дека ова е само шпекулација.

„Ма каков Врањеш? Не знам когому му паѓа на памет такво нешто? Сигурно нема да се врати во репрезентацијата“, рекол анонимен извор кој е добро запознат со ситуацијата.

- Оглас -

Најнови вести